Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник осомничен дека црта кукасти крстови и уништува културно наследство

Малолетник осомничен дека црта кукасти крстови и уништува културно наследство

Од МВР информираат дека малолетник од Прилеп е осомничен дека цртал кукасти крстови на музејот во Прилеп. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе посебно известување против К.Д.(15).поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според податоците на МВР на 30 јануари годинава, , полициска службеници забележале дека на споменикот на културата – Меморијален музеј “11 Октомври 1941 година – Участакот“ во Прилеп, кој е заштитен со закон, на споменикот на Крал Марко како и на уште неколку други објекти, биле нацртани кукасти крстови, односно нацистичкиот симбол познат како свастика.

По преземени оперативни мерки, утврдено е дека сторител е малолетникот.


Слично

Поврзани вести