Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник ограбил шест куќи

Малолетник ограбил шест куќи

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од селото Озормиште поради сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“, како и против 20-годишен и 18-годишен жител на Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Против О.Б.(23), А.Б.(37) и И.С.(26),  се поднесени кривични пријави за „прикривање“.

Во периодот од 5 јануари до 18 февруари годинава, 17-годишното момче со помош на двајцата жители на Ново Село со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ги отварал влезните врати од куќите на шест лица од каде одземале телевизори, лап топ компјутер, бормашини и хилти, додека останатите пријавени ги прикриле одземените предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела, стекнувајќи се на тој начин со противправна имотна корист од околу 84.000 денари.

Слично

Поврзани вести