Малолетник од Тетово осомничен дека крадел во џамии, разбил каса за донации
Шеснаесетгодишен малолетник од Тетово бил лишен од слобода поради сомнение дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии во градот, соопшти МВР.
Според полициското соопштение, последниот случај бил во џамија на улицата „176“ во Тетово, каде што осомничениот со употреба на сила разбил метална каса за донации и одзел пари.
Од МВР соопштија.
„На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.“
Случајот се документира, по што против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава
