Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник од Ташмаруништа со нож прободел момче од Вевчани

Малолетник од Ташмаруништа со нож прободел момче од Вевчани

Малолетник од Ташмаруништа со нож прободел млад човек во Струга.

Во ОВР Струга  во 00:50 часот по полноќ полицијата го уапси Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус” во Струга, со нож го прободел М.П.

Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Слично

Поврзани вести