ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник од Свети Николе со прскалки славел роденден и предизвикал пожар

Малолетник од Свети Николе со прскалки славел роденден и предизвикал пожар

Во Свети Николе, тинејџер запалил прскалка на роденденска забава, по што настанал пожар на државно земјиште. 

Седумнаесетгодишно момче синоќа на забава запалило прскалка, при што од искрите настанал пожар и зафатил трева на државно земјиште. 

Од СВР-Штип информираат дека синоќа во 22.20 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека 17-годишник од Свети Николе, додека бил на роденденска забава кај другар, на балкон запалил прскалка при што од искрите настанал пожар кој зафатил сува трева на државно земјиште. 

Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната Противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

ad
Слично

Поврзани вести