Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетник од Сирија е најден во багажник на возило

Малолетник од Сирија е најден во багажник на возило

Малолетен мигрант од Сирија e пронајден во багажник на автомобил во Неготино. 

Возачот на возилото и другите мигранти кои биле во возилото избегале.

Вчера во 12:30 часот кај тунелите на патот Удово – Демир Капија е забележано возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.

Подоцна возилото е пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале.

На местото на настанот е извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото е однесено во депото во Кавадарци.

Пронајдениот мигрант е задржан во прифатниот центар во Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Слично

Поврзани вести