Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mалолетник од Сарај со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на друг малолетник

Mалолетник од Сарај со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на друг малолетник

Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет. 

- На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда - информираат од МВР. 

Ноќеска околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 



Слично

Поврзани вести