Малолетник без возачка дозвола му нанесе тешки повреди на пешак во Битола
Во СВР Битола вчера во 18:35 е пријавено дека на улица „Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола со „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило
„По добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави полицијата.
Слично
