МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал
Петнаесетгодишен тинејџер беснеел низ Охрид во текот на вчерашната вечер. Како што јавуваат од СВР Охрид момчето возејќи мотоцикл успеал да повреди малолетни пешаци, тинејџерка од Скопје, а на крајот завршил во паркирано возило.
Имено, во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, околу 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот.
- По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид - нагласуваат од полицијата.
