Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетници украле пари од црквите во Копанце и Туденце

Малолетници украле пари од црквите во Копанце и Туденце

Малолетници ограбиле цркви во околината на Тетово. 

Во периодот од 11  до 25 јули годинава, тие со употреба на физичка сила и подесен предмет,  влегле во црквата „Свети Никола“ во селото Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во селото Туденце и одзеле пари.

Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција  при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово со пријавените е извршен службен разговор.

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од МВР.

Слично

Поврзани вести