МАЛОЛЕТНИЦИ УЦЕНУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА: Побарале и добиле пари за да не објават слики на социјалните мрежи
Малолетници со уцена успеале да присвојат пари од малолетнича.
Како што објави МВР, во текот на вчерашниот ден четири малолетници од тетовско село се уапсени и противн нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - пишува во билтенот на МВР.
Слично
