Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛОЛЕТНИЦИ САКАЛЕ ДА СЕ ТЕПААТ ВО АЕРОДРОМ - две групи се „остреле“ за физичка пресметка, полицијата ги сречила

МАЛОЛЕТНИЦИ САКАЛЕ ДА СЕ ТЕПААТ ВО АЕРОДРОМ  - две групи се „остреле“ за физичка пресметка, полицијата ги сречила


По добиени оперативни информации дека вчера околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. 

„Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести