Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

Деца од Ѓорче Петров, кои во организација на училиштето во кое учат биле на екскурзија во рекреативнит центар Сарај каде биле нападнати од неколку лица. 

При нападот, напаѓачите користеле метални предмети, а им се заканувале и на учителките кои се обиделе да ги заштитат децата. 

- На 27.09.2024 во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К. и Ј.Г., двајцата од Скопје, пријавиле дека нивните малолетни деца, додека биле на екскурзија во Спортско – рекреативниот центар Сарај, организирана од основно училиште од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и метални предмети.

Според пријавеното, кога учителките на децата реагирале, напаѓачите им се заканиле и заминале. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот - се наведува во билтенот на МВР. 

Слично

Поврзани вести