Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛОЛЕТНИЧКА ЗАВРШИ НА УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ГОСТИВАР ОТКАКО ЈА УДРИ КОЛА - Возачот избегал од местото

МАЛОЛЕТНИЧКА ЗАВРШИ НА УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ГОСТИВАР ОТКАКО ЈА УДРИ КОЛА - Возачот избегал од местото

Малолетничка е повредена во сообраќајна несреќа во Гостивар. 

Како што информираат од МВР вчера во вечерните саати патничко возило удрило во малолтеничката која потоа била пренесена во Ургентниот центар. 

- На 01.07.2023 околу 21,25 часот на ул. „Светозар Пепоски“ во Гостивар, патничко возило удрило во малолетничка, по што го напуштило местото на настанот.

Малолетничката била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде од лекар и е констатирана тешка телесна повреда. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот - јави МВР.

Слично

Поврзани вести