Малолетничка од Куманово итно пренесена на Клинката „Мајка Тереза“ во Скопје откако во неа удрило возило
Малолетничка од Куманово со тешки повреди е пренесена на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, откако во неа удрило возило „фиат“.
Несреќата се случила вчера во вечерните часови, околу 20.25 часот во Куманово, на крстосница од бул.„3 Македонска ударна бригада“, ул.„Б.Б.Гуцман“ и локален пат кон с.Проевце.
- Патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетен пешак од Куманово.
По несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово - соопштуваат од МВР.
Слично
