МАЛОЛЕТНИЧKА ОД КОЧАНИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА, во сообраќајна незгода се здоби со тешки повреди
Малолетничка од Кочани е тешко повредена во сообраќајна незгода на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, патничко возило удрило во малолетничка која со тешки повреди е пренесена во здравствениот дом во Кочани.
- На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани - соопштуваат од МВР.
Слично
