Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малолетен скопјанец му нанел десет убоди на својот татко

Малолетен скопјанец му нанел десет убоди на својот татко

17-годишен малолетник во сопствениот дом на улицата “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, десет пати го прободел со нож својот татко.

Додека таткото бил во спалната соба, детето му пришло зад грб и со остар предмет му нанело 10 убодни рани. Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош.

И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, таткото е во живото-загрозувачка состојба.

„Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор“, информира Јавното обвинителство,


Слично

Поврзани вести