Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

Агенцијата за лекови МАЛМЕД издадла одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациенти со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Тој посочи дека целата постапка за одобрување на увозот на лекот е завршена и сега останува да се спроведе постапката.

Согласно претходните најави од Владата, во случај на итен увоз на „Трикафта“ наменета за осумте најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, потребни се законски измени за да се обезбеди редовно снабдување со лекот за сите останати пациенти.

Од Владата информираат дека веќе е подготвен предлог-закон за изменување и дополнување на правилата за јавни набавки, со што би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата што го произведува уникатниот лек „Трикафта“ и кој треба да го усвои Собранието.

Слично

Поврзани вести