Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА СЕЛА: Кој е човекот кој со неговото крило го разреши Таравари од лидерската функција на АА?

МАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА СЕЛА: Кој е човекот кој со неговото крило го разреши Таравари од лидерската функција на АА?

Зијадин Села деновиве беше повторно избран за лидер на Алијанса за Албанците од неговото крило во партијата, откако го разреши актуелниот претседател Арбен Таравари. Од друга страна пак, крилото на Таравари, го разреши Села од партиската функција.

Зијадин Села е роден во струшкото село Ливада, Струшко. И тој како и Таравари по професија е лекар, специјалист интернист. Завршил Медицински факултет на Универзитетот во Тирана, Албанија. Средно училиште завршил во Приштина, смер природно математичка насока. Има две деца.

Во 1999 почнува да работи како специјализант во Меѓународниот црвен крст, а во периодот од 2000 до 2004 година, работел во поликлиниката во Велешта како доктор. Од 2004 до 2006 година работел во Медицинскиот центар во Брзата помош во Струга.

Директор на Санитарната инспекција при Министерство за здравство станува од 2006 до 2008 а потоа специјализира интерна медицина. Од 2009 до 2011 година е претседател на огранокот во Струга на ДПА и тогаш прв пат станува пратеник во Собранието до 2013 година.

На локалните избори во 2013 станува градоначалник на Струга, а како дел од АА останува пратеник и по 2016 година. 


Слично

Поврзани вести