Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малку посилен земјотрес синоќа ги стресе Струмичани, почувствуван и во Валандово и околината

Малку посилен земјотрес синоќа ги стресе Струмичани, почувствуван и во Валандово и околината

Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва околу 23 часот и 30 минути кај Струмица, откако серија послаби потреси се почувствуваа во претходниве неколку дена. 

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 23 часот и 33 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, додаваат сеизмолозите.

Слично

Поврзани вести