Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маљковиќ Атанасовска: Во протоколот со знамињата вина имаат и нашите служби

Маљковиќ Атанасовска: Во протоколот со знамињата вина имаат и нашите служби

Лукреција Маљковиќ Атанасовскa, директорка на Академијата за протокол, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 претпладнево рече дека и бугарската и македонската страна се виновни за пропустот со отсуството на македонско знаме на средбата помеѓу претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска Давкова во Софија.

- Знамето беше грешка, јас кажав и на телевизија - и од бугарскиот протокол, пред се, но можеше да се спречи и од нашиот протокол. Значи една некоординација помеѓу двете служби, рече Маљковиќ Атанасовска.

Според експертот за протокол, овој пропуст не е скандалозен, но така е претставен поради политичкиот контекст.

- Не треба состојбата да ескалира, треба да се стави точка како на секој протоколарен пропуст. Се мери помалото зло, а не треба да се нарушуваат и онака тензичните односи. Беше кажано се што требаше да се каже. Тоа е протоколарен пропуст, а не дипломатски скандал.

Провокацијата е од бугарската страна, но грешката е и во нашиот протокол. Еве што може да се случи кога две служби не комуницираат, додаде таа.

Слично

Поврзани вести