Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малиот Марко го прекина новиот маратон, сепак не се откажува од предизвикот

Малиот Марко го прекина новиот маратон, сепак не се откажува од предизвикот

Малиот Марко Пејчиновски се откажа за време на новиот предизвик да го преплива триаголникот Охрид - Свети Наум - Струга поради силни болки во ногата.

Македонскиот маратонец-рекордер се откажа за време на новиот подвиг по изминати 4 часа и 49 минути пливање и комплетирањето на предизвикот го одложи за во некое друго идно време.

Инаку маратонот беше предвидоно да изнесува со должина од 64 километри а целта на Марко беше да го сврти вниманието кон лицата со ретки болести. 

Неговиот успех е уште позначаен ако се знае дека има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но и покрај тоа, лани го исплива маратонот од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач со таков успех.

Слично

Поврзани вести