Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малиновски за Фактор: Заканите по живот се клише во барањата за азил

Малиновски за Фактор: Заканите по живот се клише во барањата за азил

Унгарија прво ќе одлучува за барањето на политичкиот азил, а потоа ќе одговара соодветно за евентуална издадена меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, вели за Фактор, адвокатот Драган Малиновски, поранешен претседател на Антикорупциска комисија. Вели дека ако е точно дека Груевски е во Унгарија како што пишува на неговиот фејсбук профил сега Македонија има нов случај а тоа е бегството на поранешниот премиер. МВР прво ќе треба да с еувери дека Груевски не е тука, па после треба да распише и меѓународна потерница.

„Сега имаме нов случај. Како избегал Никола? Како поминал три служби, три граници како отишол. Претпоставувам МВР ќе упатува на Судот, тие ќе ја префлуваат топката кај МВР и секој ќе има свое логично објаснување и алиби. Судот брзо по правосилноста издаде налог за извршување. МВР не можеше да го спроведе пред да стане правосилен упатниот акт и тоа се случи. Но сега треба да се бара одговорност кај останатите структури, полициски, гранични. Од нив ќе треба да се бара одговорноста, вели Малиновски.

На прашањето која е процедурата вели дека е комплицирана работа.

„Политичкиот азил и одлучувањето е комплицирана процедура. МВР ако утврди дека навистина е надвор ќе издадат меѓународна потерница. Секако во Унгарија прво се одлучува по барањето за азил, за да се види дали има правни пречки за екстрадиција, вели Малиновски.

Вели дека тоа што во статусот стои дека имал закани по живот е клише кое с епишува на барањата за азил и дека Груевски го напишал повеќе за унгарскаста јавност. 


Слично

Поврзани вести