Малескану: Ќе видиме за датум за преговори за Северна Македонија без Албанија
Теодор Малескану, министерот за надворешни работи на Романија-актуелната земја-претседавач на Европската Унија, во интервјуто за австриски „Стандард“ што беше објавено вчера изјави дека не е сигурен дека Македонија и Албанија би можеле „во одвоен пакет“ да добијат Датум за преговори.
Стандард: Дали Северна Македонија и Албанија ќе можат да ги започнат преговорите за пристапување во ЕУ во јуни?
Мелескану: Ги цениме напорите на бугарското претседателство за проширување на ЕУ во Западен Балкан. Ние ќе продолжиме со таа политика. За нас се важни три точки: Прво, треба да се забрза отворањето на нови преговарачки поглавја во Србија и Црна Гора. Второ, Европската комисија треба да дојде до позитивни заклучоци кога станува збор за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија по историската потпишувањето на Договорот за Преспа. Ние се обидуваме да го организираме ова што е можно поскоро за да добиеме директни резултати. Трето, се надеваме дека Босна и Херцеговина ќе може да ги реши своите внатрешни проблеми. Ние веруваме дека ЕУ, исто така, треба да и даде многу јасна перспектива на Босна и Херцеговина.
Стандард: Проблемот не е Комисијата на ЕУ, но Франција се спротивставува на започнување на преговорите со ЕУ. Која порака би ја испратиле на Балканот ако Северна Македонија не може да започне преговори?
Мелескану: Тоа би имало многу негативни последици. Почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е важен бидејќи ќе испрати позитивна порака. За време на нашето претседателство, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Но, ако ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија,ќе има балансирачки ефект, на некој начин, бидејќи тоа значи дека има многу земји кои сакаат да влезат во ЕУ и дека ЕУ е остварлив проект, кој треба да продолжи.
Стандард: Дали е можно само Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ?
Мелескану: Ќе видиме што мислат за тоа другите земји-членки.
Стандард: Дали разговарате со претставниците на Франција за тоа?
Мелескану: Ќе го сториме тоа.
