Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малеска за Фактор магазин: Десет години ни создаваа идентитет кој не ни е автенитичен

Малеска за Фактор магазин: Десет години ни создаваа идентитет кој не ни е автенитичен

Успешен референдум ќе значи поттик и за опозицијата која треба во Собранието да се изјаснува кога на дневен ред ќе стигне ратификацијата на Договорот со Грција. Противниците тогаш ќе треба да ги преиспитаат своите ставови кон договорот, вели универзитетскиот професор Мирјана Малеска, за емисијата Фактор магазин. Малеска е категорична дека успешноста на референдумот ќе даде легитимет на политиките на власта, а земјата ќе се приближи кон Европската Унија и НАТО гарантирано. Таа смета дека Договорот со Грција е добар и дека отстапките кои сега се прават во еден дел се резултат на погрешните политики за време на владеењето на претходната власт.

„Ајде да гледаме вака на договорот. Што добиваме, а што мора да отстапиме. Компромисот е таков, кога има компромис нема се да добиете, мора нешто да отстапите. Но дали е добивката поголема? Според мене да. Несразмерно поголема од она што отстапуваме. Договорот е поволен затоа што успеале преговарачите да добијат да останеме Македонци и јазикот да биде македонски со објаснување на која група јазици припаѓа. Отстапка е тоа што на името Македонија ќе се додаде Северна. Да тоа е отстапка, но тоа според мене не е така страшно и може да се прифати. Во што е обезличувањето, прашува Малеска.

Вели дека група интелектуалци потпишале писмо во кое велат дека од нас се бара античката историја да им ја отстапиме на Грција а ние друго да задржиме.

„Кој ја доведе Македонија во таква штетна преговарачка позиција. Десет години овде симбилчно се прикажуваше деке ние сме антички Македонци и се создаваше идентитет кој не е автентичен. Ние сме од словенско потекло со словенски јазик. Се правеше нешто што не соодветствува со она што е историска вистина која луѓето ја познаваат, вели Малеска.

Вели дека сега легитимно прашање е дали сакаме да сме членки на ЕУ и НАТО. Малеска потенцира дека станува збор за апсурдно прашање и дека е себично што некои нејзини колеги не ги интересира што ќе добие Македонија од членството.

Целата емисија Фактор магазин со Горазд Чомовски во продложение.


Слично

Поврзани вести