Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малчески се приклучи на реформаторите: Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата

Малчески се приклучи на реформаторите: Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата

Самоил Малчески се приклучи на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој најави дека и другите членови на Форумот на слободоумни патриоти ќе ја поддржат оваа иницијатива. 

„Да ги повикам сите мои пријатели и симпатизери, сите кои ме поддржуваа да застанат позади реформите“ - рече тој. 

Вели дека се потребни реформи во ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси партијата, и да се продолжи по евроатлантскиот пат. 

„Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата. Форумот беше првата организирана структура која побара реформи во партијата. Целта е иста – враќање на ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки. Јас бев меѓу првите кои јавно проговорија дека раководството на партијата треба да замине во историјата. Денеска одлучив да изразам јавна поддршка“- изјави Малчески.

Вели дека сите релевантни анкети укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби локалните избори. Малчески изјави дека доколку Никола Груевски и мисли добро на ВМРО-ДПМНЕ уште сега треба да поднесе оставка. 

Реформаторите бараат демократизација на партијата. 

Слично

Поврзани вести