Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛАТА ЛАРА ЧИЈА МАЈКА ЈАСМИНА СПАСИ ТРИ ЖИВОТИ НАПОЛНИ ЕДНА ГОДИНА - на роденденот дојде и министерот Филипче

МАЛАТА ЛАРА ЧИЈА МАЈКА ЈАСМИНА СПАСИ ТРИ ЖИВОТИ НАПОЛНИ ЕДНА ГОДИНА - на роденденот дојде и министерот Филипче

Малата Лара вчера наполни една година, а еден од гостите на нејзиниот роденден беше министерот за здравство Венко Филипче. 

А Лара, иако има само една година, има голема причина да биде горда. Нејзината мајка Јасмина Василковска е жената донор која неодамна спаси три човечки животи.

Семејството на Јасмина го поканило министерот Филипче да дојде на роденденот на Лара, а тој со задоволство прифатил.

Министерот на својот фејсбук профил објави и неколку преубави фотографии од роденденот на малат Лара. 

И посака да биде здрава и храбра, но и благодарна и хумана како нејзините родители.

„Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни една година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести