Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛАТА ЈАНА НЕ ПОЧИНАЛА ОД ИНФУЗИЈАТА, ТУКУ ОД ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ - ова го покажале анализите, ќе се бара и странска експертиза

МАЛАТА ЈАНА НЕ ПОЧИНАЛА ОД ИНФУЗИЈАТА, ТУКУ ОД ВОСПАЛЕНИЕ НА СРЦЕВИОТ МУСКУЛ - ова го покажале анализите, ќе се бара и странска експертиза

Дали вештаците тврдат дека малата Јана не починала од инфузијата, туку од друга причина. 

Родителите ги добиле наодите од анализите на судска медиција, и ова за нив е очекувано, па се подготвени да бараат и странска експертиза. 

Според наодите од судска медицина, воспаление на срцевиот мускул поради бронхопневмонија предизвикана од вирус била причина за смртта на малата Јана во битолската болница. Инаку, анализите на судска медицина веќе се доставени до битолското обвинителство, а ги видел правниот застапник на семејството Христовски, Јанаки Митрески.

Тој денеска доставил барање до ОЈО Битола да биде извршено вештачење на компјутерот во болницата. Ваквиот исход од анализите според кои не е утврдено лекарска грешка бил очекуван и за семејството Христовски кои ќе бараат и странска експертиза.

Обвинителството се уште го истражува случајот со смртта на малата Јана која почина само неколку часа по приемот во Битолската болница.

Слично

Поврзани вести