Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛАТА ЈАНА ИМАЛА МУСКУЛНО-ВОСПАЛИТЕЛНА РЕАКЦИЈА: Стручната Комисијата за случајот со лекувањето во болницата во Битола

МАЛАТА ЈАНА ИМАЛА МУСКУЛНО-ВОСПАЛИТЕЛНА РЕАКЦИЈА: Стручната Комисијата за случајот со лекувањето во болницата во Битола

Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека биле преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. 

-Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство, се наведува во соопштението на стручната Комисија.

Јана почина на 22 март, откако била однесена на преглед во Клиничката болница во Битола. Се уште се чекаат резултатите од обдукцијата која најпрецизно ќе даде одговор на прашањето која е причината за смртта на девојчето.

ФОТО: bolnicabitola.mk

Слично

Поврзани вести