Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛА ПОБЕДА ЗА НАДЕЖ: За прв пат од 2 Септември без починат од ковид-19

МАЛА ПОБЕДА ЗА НАДЕЖ: За прв пат од 2 Септември без починат од ковид-19

Нема забележенаи смртни случаи како последица на коронавирусот во  Македонија во последните 24 часа, првпат по десет месеци, соопшти Министерството за здравство на земјата.

„За прв пат од 2 септември 2020 година, денес не се забележани смртни случаи од ковид-19. Далеку сме од пораз на вирусот, но оваа мала победа ни дава надеж дека се приближуваме кон крајот на оваа агонија“, соопштија од Министерството и апелираа до граѓаните.да се вакцинираат.

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани осум нови случаи на коронавирус, меѓу 3.068 тестирани примероци, додава Министерството.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 155.536 случаи на коронавирус, а 5.471 лице починале како резултат на оваа инфекција.


Слично

Поврзани вести