Мала криминална структура прави пропаганда против НАТО и ЕУ?
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека Mакедонија подолг временски период е изложена на интензивна субверзивна пропаганда дејност, поврзана со интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО.
Зад пропагандата вели дека стои мала криминална структура која не дејствува идеолошки, туку сака да ги реализира своите лични интереси.
Додава дека целта е во јавноста да се создаде впечаток дека во Македонија има критична маса што ќе може да ги спречи интеграциите во ЕУ и НАТО. Наведува дека се користи медиумската пропаганда.
„И тактиката и тежиштето и интензитетот на таа субверзивна кампања со значителен интензитет се совпаѓа со политичкиот момент на Република Македонија“- рече министерот.
Спасовски вели дека одреден број луѓе сакаат да се извлечат од кривичните пријави покренати против нив или нивни блиски.
МВР и другите надлежни служби во соработка со партнерските служби на РМ ја следат целата состојба во однос на евентуалните ризици за земјава.
