Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛА БАНКА, АМА „ТЕХНИЧАРКА“, ПЛАТЕНИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НЕЈЗИНИТЕ АКЦИИ ЗА ЕДЕН ДЕН - кој купува од ТТК Банка

МАЛА БАНКА, АМА „ТЕХНИЧАРКА“, ПЛАТЕНИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НЕЈЗИНИТЕ АКЦИИ ЗА ЕДЕН ДЕН - кој купува од ТТК Банка

Акциите на ТТК Банка се едни од најтргуваните на Берзата, и за нив секогаш има интерес од инвеститорската јавност. 

Не само што се тргува на редовниот пазар, туку често со овие акции се прават и блок трансакции, од заинтересирани инвеститори кои одеднаш сакаат да купат одредена количина. 

Вчера на Берзата поминале две блок трансакции со акциите на ТТК банка, и тоа на прилично значајни износи.

Цената била иста на двете блок трансакции, и тоа по 1.480 денари за акција.

На последното тргување кое се случило на 10 овој месец, цената на акциите била нешто повисока од онаа на блок трансакцијата, и изнесувала 1.524 денари за акција. 

Инаку, според цената која е постигната на блок трансакциите, излегува дека едната трансакција била на сума од 65 илјади евра, додека втората е на сума од 38 илјади евра, што значи дека заеднички е над 100 илјади евра. 

Штом се работи за две блок трансакции, не се знае дали продавачот и купувачот се исти, или различни, а во игра можат да бидат сите опции.

Единствен акционер засега кој има над 5 отсто од капиталот во оваа мала банка е тетовскиот комбинат „Тетекс“, кој поседува солиден процент од 41,42 отсто од акционерскиот капитал на компанијата.  

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести