Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мал инцидент во Собранието - кој му ја извади картицата на Џафери?

Мал инцидент во Собранието - кој му ја извади картицата на Џафери?

Во Собранието нешто по 19 часот дојде до мал инцидент. 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски му ја извадил картичката на спикерот, Талат Џафери. 

По ова следеше пауза, а Џафери по паузата побара обезбедувањето да стои кај говорницата за да не му ја извади некој картичката. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се собраа околу говорницата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на Џафери му рече дека секој ден им вика полиција и дека тоа го нема никаде. 

„Ова е окупација на Парламентот. Ова го нема нигде. Македонскиот народ го гледа ова“- вели Ѓорчев. 

За кратко време пратениците се вратија на своите места, а Џафери побара обезбедувањето да ја напушти салата. 

На седницата се дискутира за разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.

Слично

Поврзани вести