МАЛ ГЕНИЈАЛЕЦ: Ученик од училиштето „Григор Прличев“ во период од две години создал игра
Ученикот Михаел Коп од 9б одделение, од Основното општинско училиште „Григор Прличев“ од Гази Баба, две години изработувал видео игра со наслов „Liquid Submarine Remaster".
Како што информираа на фејсбук страницата на училиштето, Михаел на часот по англиски јазик, ја презентирал видео играта „Liquid Submarine Remaster", која сам ја изработил во период од две години со користење на Платформата за правење на игри „Roblox".
„Во разговор со соучениците ни откри дека интересот за компјутерските делови го пројавил уште кога бил помал и дека во создавањето и изработката на играта поминува од еден до три часа дневно. Играта е непрофитабилна, а служи за социјализација и комуницирање со други ученици. Проценетото време за конечно пласирање на играта е во јануари 2024. Му посакуваме многу успех и напредок во она што го работи“ информираат од училиштето.
