МАЛ ГЕНИЈ: Седумгодишниот Ѓорги решава Рубикова коцка за 4 секунди
Македонија има генијалци. Седумгодишниот Ѓорги соборил рекорд во решавање на Рубикова коцка.
Втородделенецот бил најмлад учесник на интернационалниот натпревар во решавање Рубикови коцки – „Albanian Open 2018“, кој се одржа во Тирана во просториите на Harry Fultz Institute, соборувајќи два рекорда.
Ѓорѓи соборил два национални рекорди – најдобро време (4,37 секунди) и средно време (6,77 секунди) во решавање Рубикова коцка 2х2. Постигнал и најдобро време (12,64 секунди) и најдобро средно време (17,36 секунди) во решавање Рубикова пирамида. Претходните рекорди биле поставени во 2010 година.
На видеото тој се натпреварува со уште еден генијалец, Никола Петров од Кавадарци.
Слично
