Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мал чекор напред постигнаа македонските и бугарските историчари

Мал чекор напред постигнаа македонските и бугарските историчари

Од состанокот на македонско – бугарската комисија денеска има мал напредок. 

Станува збор за еден усогласен записник, од деветтата седница и неколку надминати прашања од записникот од десеттиот состанок. Вака заврши  онлајн средба на македонско-бугарската историска комисија. Претходно, имаше недоразбирања околу придавката „македонски“. 

„На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок“, соопштиле за МИА извори од комисијата.

Следната средба треба да се одржи на 25 и 26 февруари. Лани во декември средбата заврши без напредок. За ликот и делото на Гоце Делчев ќе се разговара, а ставовите се разидуваат и за Цар Самоил. Бугарските политичари постојано ја форсираат тезата дека во македонските учебници имало говор на омраза кон Бугарите. 

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју во емисијата Трилинг на ТВ 24 рече дека тој сака целосно признавање од страната на Бугарија, без притоа да се оспоруваат корените.

Слично

Поврзани вести