МАЛ БРОЈ СЕ ОБИДУВААТ ДА СЕ ОТКАЖАТ: Колку активни пушачи има во Македонија?
Бројот на активни пушачи во државава е 45,4 отсто.
Скоро половина од населението во Македонија се активни пушачи, објави денеска Државниот институт за јавно здравје. Оттаму велат дека во последните години многу мал процент успеале да ја прекинат оваа зависност.
Толку голем број пушачи ја рангира Македонија меѓу земјите со најголем процент на активни пушачи во светот. Само пет проценти од оние кои се обиделе, се откажале од пушењето во последните години. Посетеноста во советувалиштата за откажување од пушење е многу мала. Лани во советувалиштата за одвикнување од пушење дошле само 43 луѓе, што покажува дека нема голем интерес.
Состојбата не е добра и во соседството. Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат повремено или секојдневно, додека една петтина од учениците на возраст од 11, 13 и 15 години пробале електронски цигари, според Институтот за јавно здравје на Србија.
foto freepik.com
