Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мал број демонстранти побараа оставка од Владата на Заев

Мал број демонстранти побараа оставка од Владата на Заев

Помала група граѓани одржаа пред Собранието и синоќа протест против договорот со Грција за решението на спорот околу името.

Тоа беше трет ден како граѓани протестираат пред Собранието сметајќи дека договорот на грчкиот и македонскиот премиер за промената на името е штетен за Македонија.

Учесниците на протестот побараа оставка од владата на премиерот Зоран Заев и извикуваа слогани на поддршка за претседателот Ѓорге Иванов.

Пред зградата на Парламентот беше поставен и полициски кордон. 

Демонстрантите најавија дека и во наредните денови ќе ги продолжат протестите.



Фото: Ап

Слично

Поврзани вести