„Максо, има фирма во Бугарија. А изгледа дека не е само една“: СДСМ со обвинувања кон поранешниот сопартиец 'ќе одговарате'
МБС ГЛОБАЛ – Бугарија – сопственик Максим Димитриевски – Максо од ЗНАМ. Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една.
Ова го објавија денеска од опозициска СДСМ, од каде посочуваат дека „додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно“
- Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи.
Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово.
Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија?
Колку тендери си наместил? Колку пари си префрлил преку кумови и блиски?
Види Максо, доаѓа времето на вистината. Нема повеќе лаги. Максо, доаѓа времето на правдата и одговорноста. Ја предаде својата партија и си ги предаде своите гласачи!
Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од Европската реформска агенда - пишува во објавата на СДСМ.
Потоа додаваат „доста е веќе да вие поради вашиот криминал и корупција го држите народот како заложник и ја држите државата во изолација“.
- Сите – и ти, и Филков, и Сашо Петровски, и целата криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ќе одговарате! Реформи сега. Правда сега. Европа сега - се истакнува на крајот од соопштението на СДСМ.
Слично
