Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Заев ми соопшти дека имам 63,7 отсто доверба од кумановчани, во партијата се глуми демократија, а малку се имплементира

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Заев ми соопшти дека имам 63,7 отсто доверба од кумановчани, во партијата се глуми демократија, а малку се имплементира

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој се кандидираше како независен за претстојните локални избори, бидејќи не ја доби поддршката од својата матична партија, вели дека лично премиерот Зоран Заев му соопштил дека тој има 63,7 отсто доверба кај граѓаните, нешто што го покажале партиските акнкети. 

Ова тој го изјави во гостување на ТВ24.

„Максим на квадрат заедно со граѓаните, не се работи за лични амбиции, концептот е во прашање. Јас можеби имав осигурана партиска кандидатура, но мојот настап, на прво место се граѓаните, не можам да седам слеп пред случувањата. Нема да дозволам да се менува историјата ни на мојот град и државата“, изјави меѓу другото Димитриевски.

Тој нагласи и дека имало многу големи разлики меѓу него и поединци од СДСМ. Нагласува дека не постои ривалство со Оливер Спасовски. 

„Премногу се глуми демократија, малку се имплементира, има суштински концепциски разлики меѓу членството. Слушнав голем број на обвинувања дека сум се самоисклучил, не е точно дека јас сум исклучен од СДСМ. Нема да го дозволам ова, но ќе ги почитувам статутарните одлуки“, рече Димитриервски. 

На последната партиска анкета, како што нагласил, лидерот Заев му соопштил дека тој и останатите кандидати имаат рејтинг околу 18-19 отсто, а дека самиот Максим Димитриевски има доверба од 63,7 проценти доверба. 

„Најрелевантната анкета се граѓаните. Тие ја носат конечната одлука“ рече Максим Димитриевски во Студио 10 на ТВ24.

Слично

Поврзани вести