Максим Димитриевски за 27 април: Дали поединци денеска се трансформираа во тоа против што тогаш се боревме
Никогаш повеќе никаде и никому да не се повтори, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, денесса, споделувајќи фотографии од истиот ден пред 4 години кога се случи упадот во Собранието. Димитриевски додава дека верува дека постапиле исправно, но им се обраќа и на своите истомисленици во тој период, дел од кои, како што вели, можеби сега се трансформирале во тоа против што се бореле.
„Ден денеска верувам дека во тој момент постапивме исправно, слободата и демократијата е се, кога некој те напаѓа должен си да се браниш. Времето ќе покаже дали сите останавме доследни на тогашната идеологија или пак поединци денеска се трансформираа во тоа против што тогаш се боревме, како и да е историјата еден ден ќе запише се!
Ние истомислениците продолжуваме напред, секогаш за Куманово и Македонија!
