Максим Димитриевски убедлив фаворит за Куманово: Анкета на М проспект
Максим Димитриевски има убедливо висок рејтинг на локалните избори во Куманово. На анкетата споредена од М проспект во периодот од 15 до 22 септември Димитриевски има 42.7 оттсо од гласовите, Оливер Илиевски од СДСМ има 19,2 проценти, Тони Михајловки е со 8.9 отсто, Теодора Димитровска од ЛДП и ДОМ со 0.8 процени и Бесим Салију од Алијанса за Албанците и Алтернатива 2.5 проценти од гласовите.

Слична е и состојбата со гласовите за листите на советници. За Наше Куманово, граѓанската листа поддржана од Максим Димитриевски ќе гласаат 37.8 проценти од испитаниците, за листата на СДСМ 12 отсто, за листата на ВМРО – ДПМНЕ 9 проценти, Алијанса на Албанците и Алтернатива, 2,5 отсто, за БЕСА 1.1 проценти и за другите листи се под 1 отсто.

Според анкетата дури 56 отсто од кумановчани сигурно ќе излезат на изборите. Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

