Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски сопрен од полиција: Ова е срам за македонската демократија

Максим Димитриевски сопрен од полиција: Ова е срам за македонската демократија

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово, објави видео на Фејсбук и реагираше дека полицијата подолго време го следела пред да го сопре на улица „Лесковачка“ по првиот круг од локалните избори, по кои во трката за втор мандат како независен кандидат влегува заедно со Оливер Илиевски од СДСМ.

- Претходно бевме следени од возило на МВР подолго време од возачот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ. Десет минути има застој во сообраќајот откако не сопреа и јавно го објавувам ова видео да види јавноста со кого си имаме работа во Куманово. Нека му служи на чест на господинот министер, ваква тортура никогаш не се правела пред македонската јавност.

Се снимам себеси на јавно место, еве сега допрва даваат насоки да се препаркира возилото, а тргнав да примам терапија кај мојот матичен лекар. Ова е срам за македонската демократија, срам за Оливер Спасовски. Врв на достигнувањата на МВРО. Самовластие на поединци кои го имаат узурпурано системот на државата, рече Димитриевски.

Поранешниот пратеник на СДСМ рече дека е запрен од тројца униформирани полициски службеници кои без образложение му ги побарале документите. Барале полномошно за управување со возилото на неговиот придружник. Додаде дека за ова ќе ги извести сите дипломатски мисии и конзуларни претставништва.

Слично

Поврзани вести