Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на владеачкото мнозинство
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, се закани дека неговата партија ќе го напушти владеачкото мнозинство доколку ВРЕДИ посебните координации на своите министри ги одржува со албанско знаме.
- Доколку се повтори вицепремиерот Изет Меџити да свика координација со министрите на ВРЕДИ во Владата, а на која ќе има албанско знаме, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе ја напушти владејачката коалиција – порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски на подкастот на Канал 5.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити пред неколку дена одржа прва посебна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата „Влен“.
Ваквиот тип на координација, како што се посочуваше во соопштението, ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на ВЛЕН во извршната власт.
