Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски се кандидира за втор мандат за градоначалник на Куманово

Максим Димитриевски се кандидира за втор мандат за градоначалник на Куманово

Aктуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски се кандидира за втор мандат. 

Веста ја соопшти на Фејсбук. 

„Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна. Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово“, пишува тој. 


Анализите од последните месеци покажуваат константно висок рејтинг на актуелните градоначалници Максим Димитриевски, Митко Јанчев од Кавадарци и Арбен Таравари, прв човек на Гостивар. Тие според последното истражување кое го спроведе МЦМС во текот на месец април важат за најпопуларни градоначалници во државата.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести