Максим Димитриевски: СДСМ уште полошо функционира со Ковачевски
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 рече дека премиерот ДИмитар Ковачевски иако најавувал промени во СДСМ, владеачката партија уште полошо функционира откако си заминал поранешниот претседател Зоран Заев.
„Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено“, рече поранешниот функционер на СДСМ:
Претходно Димитриевски наведе дека Заев го прошетал Ковачевски неколку пати по странство а потоа го ставил за претседател на партијата.
„Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е“, изјави Димитриевски.
Димитриевски вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.
