Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски: Првиот младински центар е отворен во Куманово, на младите треба да им дадеме шанса и можност да носат одлуки

Максим Димитриевски: Првиот младински центар е отворен во Куманово, на младите треба да им дадеме шанса и можност да носат одлуки

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски во вчерашната
емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потенцираше дека првиот
младински центар е отворен во Куманово.

„Во делот на развојот на економијата, со развојот на новата индустриска
зона Новини и Речица каде што имаме три нови инвеститори кои купија
земјиште не по едно евро метар квадратен како во минатото, туку по
15 и пол евра по пат на јавна аукција и тие ќе отпочнат со своите
инвестиции. Дополнително, нов погон на Дрекслер Маер во Куманово. Давање
на реална можност на младите луѓе, да се отвори можност за бизнис
хап-ови каде ќе доаѓаат младите луѓе. Имаме прекрасна локација на
градскиот базен, тоа во програмата е ставено да можеме да го
имплементираме и да им дадеме можност. Ние го имаме отворено првиот
младински центар во Куманово, кадешто младинските организации
функционираат. Факт е дека треба на младите да им се даде шанса за да
носат одлуки и да одлучуваат. Но, исто така и младите луѓе треба да се
борат за тоа. Кога влегов во политика никој не ми даде шанса. Јас влегов
заедно со тим на млади луѓе и се борев како што денеска се бори Теодора
за тоа и јас се восхитувам на тоа, без разлика што потоа политиката и
самото искуство си создава одредени навики за взаемно почитување“. рече
Димитриевски.

Слично

Поврзани вести