Максим Димитриевски oткри колку гласови има и колку советници ќе добие
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се заблагодари на сите кумановци кои гласале за него.
Според 80 отсто обработени податоци во нивниот аналитички центар, тој води во однос на сите 6 кандидати за градоначалник на Куманово.
„Колку имаат останатите 6 кандидати, толку имам јас со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам дали ќе има втор круг или не, но како и да е, граѓаните препознаваат континуитет и развој“, рече Димитриевски.
Додаде дека има најголем број советници, а зад ЗНАМ се ВМРО-ДПМНЕ. Димитриевски кажа дека тие ќе имаат и мнозинство во советот.
Го прашаа и за песната која за него ја пееја неговите сограѓани, на што тој рече дека е горд и дека тоа е доказ колку се креативни кумановци и дека видеото станало вирално.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
