Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Максим Димитриевски: Основач сум на фирма во Бугарија, но нема приходи

Лидерот на Знам, Максим Димитриевски, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 потврди дека поседува удел од 20 отсто и дека е основач на бугарската фирма МБС Глобал, но дека таа нема никакви приходи.

- Значи јас доаѓам во светот на политиката од приватниот бизнис, со тоа го хранев и издржував семејството. Функционирам со семејство во кое никој не живеел на државна чешма. Таа компанија никогаш не профункционира. Сакавме да правиме реекспорт од Блискиот исток и САД. Во тој момент Бугарија беше земја членка на ЕУ и од таму можеше полесно да функционира бизнисот , но таа идеја никогаш не се оствари. Сега немам време за бизнис, сега сум политичар, рече Димитриевски.

Претходно беше објавено дека градоначалникот на Куманово ја има фирмата МБС ГЛОБАЛ, која е регистрирана на 07.08.2015 година со адреса на булевар „Стефан Караџа“ во Бургас и според описот компанијата се занимава со трговија на големо, но на непрехранбени производи.

За средбата со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин рече дека го примил како градоначалник на Куманово, а не како коалиционен партнер во владеачкото мнозинство.

- Имам средби со амбасадори секоја недела, Има невладина организација која секоја година организира саем на храна, а оваа година имаше промоција на руската кујна. Што се однесува за изучувањето на рускиот јазик во Куманово, во тие две училишта се учи 70 години и има интерес само кај нешто повеќе од 50 деца, наведе тој.

Димитриевски за односите со Бугарија и блокираната евроинтеграција рече дека претходната власт е најмногу виновна за тоа, затоа што проблемот од билатерално го трансформирала на мултилатерално ниво во Брисел.

- Првиот и вториот протокол, потпишувањето на Францускиот прлдог не доведе во ваква состојба во каква што сме и ние треба да се бориме за нашите позиции. Ние сега треба да бараме и консензус и поддршка од другите етникуми. Од Албанците бараме разбирање за оваа ситуација, наведе Димитриевски.

Претседателот на ЗНАМ констатираше дека зачувувањето на етничкото потекло на Македонците е многу поважно од какво било членство во сојузи.

Слично

Поврзани вести