МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ОЧЕКУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАЈАВЕНИТЕ ОСТАВКИ ВО ВЛАДАТА И ВО ПАРТИЈАТА: Сѐ уште сум член на СДСМ
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска порача дека никој не може да го враќа во партија од која никогаш нема излезено.
Согласно статутот на мојата СДСМ сѐ уште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба. На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно - клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско - личниот интерес. Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни, а не исти или слични со претходните. Очекувам реализација на најавените оставки и кадровски смени во владата, но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека "Зборот е збор". Изминатиот период притисоците кон мене и нашите поддржувачи беа огромни, доаѓаа од луѓе кои се нарекуваат "мои сопартијци", нема простор за разговор ниту договор со такви кои што срушија се, излегоа од начелата на СДСМ и се користеа со груевистички методи, пишува Димитриевски во постот на неговиот профил на Фејсбук.
ФОТО: Фејсбук
